Управниот одбор на Комората на стечајни управници на РСМ на седницата одржана на ден 23.04.2025 год. донесе Одлука за свикување и одржување Седмо Изборно Собрание на Комората, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Процедурален дел
- Отвoрање на седницата на Собранието.
- Утврдување на кворум за работа.
- Избор на оверувачи на записник и бројачи на гласови
- Работен дел
- Предлагање и Избор на Претседател на Комората за нареден мандат.
- Предлагање и Избор на Членови на Управниот Одбор на Комората за нареден мандат.
- Предлагање и Избор на Членови на Надзорниот Одбор на Комората за нареден мандат.
Изборното собрание ќе се одржи на ден 31.05.2025 год. (сабота) со почеток во 14,00 часот во Хотел Монтана – Крушево.
Трошоците за хотелското сместување и еднодневен пансион ќе бидат на терет на Комората.
Пансионот почнува од 31.05.2025 г. (сабота) со ручек, а завршува на 01.06.2025г. (недела) со доручек.
Право на присуство и Право на глас на седницата имаат само лиценцираните стечајни управници – членови на Комората на стечајни управници.
Евидентирање за присуство се врши најдоцна 30 минути пред почеток на седницата.
Пријавувањето за учество на членовите на Комората за Изборното собрание е најдоцна до 15.05.2025 до 15,00 часот, по е-маил во Комората, заради навремена резервација на сместувачки капацитети во хотелот.
Комора на стечајни управници на РСМ
Април, 2025 год. Претседател
Скопје, Билјана Стефановска