Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски наделжности и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Комора на стечајни управници на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: КСУ ), со седиште на ул. Васил Стефановски 26/16, Скопје, Република Северна Македонија.

КСУ е професионално коморско здружение на овластени стечајни управници кое функционира како независна и непрофитна организација во која се зачленуваат физички лица без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност и правни лица согласно Законот за стечај.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме

КСУ собира податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата веб страна komorasu.org.mk Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои што се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна.
  • Членови на комората – Лични податоци за цели на спроведување на обуки, конференции и настани организирани од КСУ (име и презиме и контакт податоци: емаил и тел.контакт).
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од јавен карактер, од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои што се обработуваат

Податоци за навигација

При посетата на нашата веб страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на КСУ;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите не налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Одржувањето на серверите го спроведуваме преку надворешен изведувач, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страна.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности и овластувања кои произлегуваат од Законот за стечај, а во врска со спроведување на настани, обуки, конференции, предавања, за членови на КСУ за нивно информирање, поднесување на предлози, мислења, обезбедување на повратни информации и слично.

КСУ собира некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме,  контакт адреса, телефон, адреса на е-пошта.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  •  Преку нашaтa адресa за е-пошта: komorasu@komorasu.org.mk
  •  Преку пошта, факс или усмено.

За барањата кои се подготвуваат усмено се подготвува записник кој што се потпишува од лицето што го поднело барањето и од страна на одговорно лице вработено во КСУ кое го составило записникот и е заведено во архивата на КСУ.

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со он-лајн услугите достапни преку веб страната на КСУ, се извршуваат од страна на вработените лица кои се одговорни за овие услуги или се задолжени за извршување на предметните активности.

КСУ не споделува податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако КСУ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на АЗЛП и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • Право на пристап до личните податоци;
  • Право на исправка и бришење на личните податоци;
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • Право на приговор.

Право на поднесување на барање до АЗЛП 

Ако сметате дека начинот на кој што КСУ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.