Информации од јавен карактер

Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила или со која располага Комората на стечајни управници на Република Северна Македонија. Со пополнување на Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во Комората на стечајни управници или да го преземат тука

Барањето може да се достави во писмена форма во Седиштето на Комората на стечајни управници со седиште ул.Васил Стефановски бр.26/16 1000, Скопје.

Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комората на стечајни управници на Р.Македонија за одговорно лице за посредување со информации од јавен карактер ја определи Жаклина Трајановска.