Управниот одбор на Комората на стечајни управници на РСМ, на седницата одржана на ден 23.04.2025 година, донесе Одлука за свикување и одржување Осумнаестта редовна седница на Годишно Собрание на Комората, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Процедурален дел
- Отворање на седницата на Собранието.
- Утврдување на кворум за работа.
- Избор на оверувачи на записник и бројачи на гласови.
- Работен дел
- Разгледување и усвојување на Извештајот на Претседателот на Комората за превземените активности за 2024 година.
- Разгледување и усвојување на Годишната сметка за 2024 година.
- Разгледување и усвојување на План за работа со Пресметка-финансиски план за 2025 година.
- Донесување одлука за избор на ревизор за годишна сметка за 2025 г.
Седницата на Годишното собрание ќе се одржи на ден 31.05.2025год. (Сабота) со почеток во 13 часот во Хотел Монтана – Крушево.
Трошоците за хотелското сместување на база полн пансион ќе бидат на терет на Комората.
Пансионот почнува од 31.05.2025г.(сабота) со ручек, а завршува на 01.06.2025г. (недела) со доручек.
Право на присуство и Право на глас на седницата имаат само лиценцираните стечајни управници – членови на Комората на стечајни управници.
Материјалите за седницата дополнително ќе ви бидат доставени во електронска форма.
Потпишувањето за присуство заради утврдување на кворум се врши најдоцна 30 минути пред почеток на седницата.
Пријавувањето за учество е најдоцна до 15.05.2025 година до 15.00 часот, по е-маил во Комората, заради навремена резервација на сместувачки капацитети во хотелот.
Комора на стечајни управници на РСМ
Април, 2025 год. Претседател
С к о п ј е Билјана Стефановска