До
Сите стечајни управници
Членови на Комора на стечајни управници
Предмет: Обука
Управниот одбор на Комората на стечајни управници на седницата одржана на ден 17.10.2013г одлучи до крајот на 2013 година да се спроведе обука за стечајните управници членови на Комората на стечајни управници.
Обуката е задолжителна за сите стечајни кои имаат намера да ја продолжат лиценцата согласно најновите измени во Законот за стечај.
Во таа смисла Ве известувам дека се организира обука за стечајните управници од Апелационите подрачја Битола, Штип и Гостивар на 23 и 24 Ноември (Сабота и Недела).
Обуката ќе се одржи во Охрид х.Милениум на тема „Најновите Измени во Законот за стечај“
Трошоците за техничка организација на обуката и пансионско сместување ќе паднат на терет на Комората на стечајни управници.
Работната Програма за Обуката со поконкретни детали ќе ви биде доставена дополнително.
Претседател на Комора
Ацо Петров