Органи на Комората се: Собрание на Комората, Управен одбор на Комората, Надзорен одбор на Комората и Претседател на Комората.
1. Собрание на Комората
- Донесува Статут и други акти на Комората,како и нивни измени и дополнувања,со претходна согласност на министерот за економија;
- Разгледува предлози,барања и препораки за успешно работење на стечајните управници. Собранието се состанува редовно еднаш годишно и тоа во првата недела на февруари.
2. Управен одбор
- Утврдува предлог на статут и предлог за изменување и дополнување на Статутот и на другите акти на Комората;
- Превзема и спроведува иницијативи за разгледување на прашања од интерес на стечајните управници. Се грижи за статусот на стечајните управници и за односите кон други органи и воопшто кон трети лица;
- Бројот на членовите на Управниот одбор го одредува Собранието во согласност со Статутот.
3. Претседател на Комората
- Претседателот на Комората,наедно е и претседател на Управниот одбор. Управниот одбор од своите членови избира потпретседател на Комората.
- Претседателот ја ја претставува и застапува Комората. Во случај на негова спреченост, неговите должности ги врши потпретседателот, а во случај на спреченост на потпреседателот,најстариот член на Управниот одбор.