ДО СИТЕ ЛИЦЕНЦИРАНИ СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ ЧЛЕНОВИ НА КОМОРАТА НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
ПРЕДМЕТ: ПОКАНА ЗА ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Управниот одбор на Комората на стечајни управници на РСМ, на седницата одржана на ден 27.04.2026 година, донесе Одлука за свикување и одржување Деветнаесетта редовна седница на Годишно Собрание на Комората, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Процедурален дел
- Отворање на седницата на Собранието.
- Утврдување на кворум за работа.
- Избор на оверувачи на записник и бројачи на гласови.
- Работен дел
- Разгледување и усвојување на Извештајот на Претседателот на Комората за превземените активности за 2025 година.
- Разгледување и усвојување на Годишната сметка за 2025 година.
- Разгледување и усвојување на План за работа со Пресметка-финансиски план за 2026 година.
- Донесување одлука за избор на ревизор за годишна сметка за 2026 г.
- Избор на членови на дисциплински органи за нареден мандатен период. ( предлагач за поведување на дисциплинска постапка и членови на дисциплински совет).
Седницата на Годишното собрание ќе се одржи на ден 06.06.2026 (Сабота) со почеток во 13 часот во Хотел PAINT IT BLACK во Гевгелија, (адреса: ул Деко Ковачев 3, Гевгелија).
Трошоците за хотелското сместување на база полн пансион (доручек, ручек и вечера) ќе бидат на терет на Комората.
Пансионот почнува од 06.06.2026г.(сабота) со ручек, а завршува на 07.06.2026г. (недела) со доручек. Сите дополнителни услуги надвор од пансионот (кафе, сок и други пијалоци или јадење) си ги покрива секој член на комората самостојно.
За сите пријавени стечајни управници за Годишното Собрание на меилот на комората, за кои се направило хотелска резервација за хотелско сместување на база на полн пансион, доколку не го оправдале своето отсуство навремено, од страна на комората ќе им биде издадена Фактура, согласно договорената сума со хотелот.
Истовремено доколку некој од пријавените членови на комората, не планира да користи ноќевање, потребно е со пријавата да го наведе истото како не би правеле непотребни резервации и трошоци.
Право на присуство и Право на глас на седницата имаат само лиценцираните стечајни управници – членови на Комората на стечајни управници.
Материјалите за седницата дополнително ќе ви бидат доставени во електронска форма.
Потпишувањето за присуство заради утврдување на кворум се врши најдоцна 30 минути пред почеток на седницата.
Пријавувањето за учество е најдоцна до 04.05.2026 година( понеделник) до 15.00 часот, по е-маил во Комората, заради навремена резервација на сместувачки капацитети во хотелот и политика на хотелот.
Април, 2026 год. Комора на стечајни управници на РСМ
С к о п ј е Претседател Билјана Стефановска
