Известување

До

Сите лиценцирани стечајни управници, членови на комората

Почитувани,

Во организација на Комората на стечајни управници на РСМ, ќе бидат одржани работилници за едукација како дел од задолжителна  обука согласно Законот за стечај.

На работилниците вообичаено ќе бидат поканети да присуствуваат и стечајни судии од овие апелациони подрачја Скопје, Битола, Штип и Гостивар.

Работилниците ќе се спроведат во Хотел Милениум, Охрид во следните термини:

  • 25-26 Март 2026г. (Среда/Четврток) за Апелационо подрачје Скопје;
  • 01-02 Април 2026г. (Среда/Четврток) за Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар.

Темите и Работната Агенда ќе бидат дополнително доставени.

Пријавување за учество на работилниците за сите стечајни управници од сите апелациони подрачја е до 10.03.2026г (Вторник). 

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Управниот одбор донесе одлука износот на котизација за престојната работилница за секој стечаен управник (член на комората) кој планира да земе учество на обуките  да изнесува 4.000 денари.

Уплатата на котизацијата да биде извршена најдоцна до 10.03.2026 .(Вторник) на жиро сметка на Комора на стечајни управници на РСМ (Број на жиро сметка: 200001559194482 Стопанска Банка АД Скопје)

На стечајните управници (членови на КСУ) кои нема да ја уплатат котизацијата, нема да им биде дозволено присуство и учество на закажаните работилници.

Согласно донесени одлуки од Управниот одбор, Комората на стечајни управници ги покрива само трошоците за хотелско сместување-полн пансион (доручек, ручек и вечера), вода и кафе пауза во тек на работилници.

Сите дополнителни услуги надвор од пансионот (кафе,сок и други пијалоци или јадење) си ги покрива секој член самостојно.

Пријавувањето задолжително навремено заради уредна резервација на места се врши на е-маил на комората komorasu@komorasu.org.mk.

 

26.02.2026г.                                                                                              П р е т с е д а т е л

С к о п ј е                                                                                                Билјана Стефановска