Соопштение за обука Е-Аукција

До

Сите стечајни управници членови на Комората на стечајни управници,

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ОБУКА Е-АУКЦИЈА 

Управниот одбор на Комората на стечајни управници донесе одлука на терет на Комората за спроведување ОБУКА ЗА Е-АУКЦИЈА,како најнов начин за впаричување-продажба на имот во стечајните постапки предвидена со најновите измени на Законот за стечај.

Обуката ќе ја спроведе ,,Ре-Актив,, од Скопје,лиценцирана фирма за оваа област.

Обуката ќе биде спроведена во Скопје во ,,х.Карпош,,Бул.Партизански Одреди,со следната динамика.

  1. За стечајните управници од Апелационо подрачје Скопје на ден 13.02.2014година (четврток) од 14,00 часот до 19,00 часот.
  2. За стечајните управници од Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар на ден 15.02.2014 година (сабота) од 11,00-16,00 часот.

Обуката е задолжителна за сите стечајни управници и за истата ќе бидат пресметани одреден број на часови како дел од задолжителни обуки во текот на годината заради обнова на лиценца согласно Законот за стечај.

Заради успешно и рационално спроведување на обуката не е дозволено замена на термин од една во друга група во однос на апелационите подрачја.

Поточно,сите стечајни управници да се придржуваат на погоре наведениот распоред во зависност од кое Апелационо подрачје доаѓаат.

Задолжително сите стечајни управници да понесат со себе лап-топ компјутери.

 

                                                                            Претседател на Комора

          Ацо Петров