До
Сите стечајни управници-членови на Комората на стечајни управници
Управниот одбор на Комората на стечајни управници донесе одлука на терет на Комората да биде организирана едукација за спроведување стечајните постапки во согласнот со најновите измени на Законот за стечај од Мај 2013година и Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај.
Едукацијата ќе биде наменета за сите стечајни управници како дел од задолжителните обуки за обнова на лиценца.
На Едукацијата ќе бидат поканети да присуствуваат стечајни судии и вонпарнични судии,претставници од Централен регистар и Катастар.
Планирано е едукацијата да биде еднодневна и да биде одржана во Скопје, да се организира во две групи по Апелациони подрачја, едната за Апелационо подрачје Скопје другата за апелационите подрачја Битола, Штип и Гостивар.
Организацијата на Едукацијата е веќе во тек,и за истата ќе бидете благовремено информирани.
Претседател на Комора
Ацо Петров