Повик за кандидирање на членови во дисциплински органи

До
Сите стечајни управници
членови на  Комората на стечајни управници

Предмет: Повик  за кандидирање на членови во дисциплински органи

Управниот одбор на Комората на стечајни управници на седницата одржана на ден 15.05.2015 г. донесе одлука за отпочнување постапка заради избор на членови во дисциплински органи во рамки на комората за наредниот четиригодишен мандатен период.

Согласно Стаутот на Комората, кандидационата постапка  ја води Кандидационата комисија,   именувана  од Управниот одбор на Комората во состав: 1. Драги Момировски –претседател, 2.Коле Волчевски-член, и Димитар Аџиев -член.

Се повикуваат сите стечајни управници членови на Комората на стечајни управници во рок од 30 дена од овој повик,  доколку имаат  да испратат предлози за кандидатура за членови на дисциплинските органи: Предлагач за поведување на дисциплински постапки, и членови на Дисциплински совет.

Предлозите да се испраќаат на е-маилот на комората  до кандидационата комисија.

Кандидациона комисија:
Драги Момировски – претседател,
Коле Волчевски –член,
Димитар Аџиев –член .