Известување за Годишното собрание

ДО  СИТЕ  ЛИЦЕНЦИРАНИ СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ ЧЛЕНОВИ НА КОМОРАТА НА СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ

ПРЕДМЕТ: ПОКАНА ЗА СЕДУМНАЕСЕТТА СЕДНИЦА ГОДИШНО СОБРАНИЕ

Управниот одбор на Комората на стечајни управници на РСМ, на седницата одржана на ден 11.04.2024 година, донесе Одлука за свикување и одржување Седумнаесетта редовна седница на Годишно Собрание на Комората, со следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д 

  1. Процедурален дел
  2. Отворање на седницата на Собранието.
  3. Утврдување на кворум за работа.
  4. Избор на оверувачи на записник и бројачи на гласови.

 

  1. Работен дел
  2. Разгледување и усвојување на Извештајот на Претседателот на Комората за превземените активности за 2023 година.
  3. Разгледување и усвојување на Годишната сметка за 2023 година.
  4. Разгледување и усвојување на План за работа со Пресметка-финансиски план за 2024 година.
  5. Донесување одлука за избор на ревизор за годишна сметка за 2024 г.

Седницата на Годишното собрание ќе се одржи на ден 08.06.2024 год. (сабота) со почеток во 13 часот во хотел Дрим- Струга.

 Трошоците за хотелското сместување на база полн пансион ќе бидат на терет на Комората.

Пансионот почнува од 08.06.2024г.(сабота) со ручек, а завршува на 09.06.2024г. (недела) со доручек.

Право на присуство и Право на глас на седницата имаат само лиценцираните стечајни управници членови на Комората на стечајни управници.

Материјалите за седницата дополнително ќе ви бидат доставени во електронска форма.

Потпишувањето за присуство заради утврдување на кворум се врши најдоцна 30 минути пред почеток на седницата.

 

Пријавувањето за учество е најдоцна до 15.05.2024 година до 15.00 часот, по е-маил во Комората, заради навремена резервација на сместувачки капацитети во хотелот.

 

Април, 2024 год.                                                                                 Претседател на Комора,

С к о п ј е                                                                                                Билјана Стефановска