Управниот одбор на Комората на стечајни управници на својата седница одржана на ден 07.10.2014 донесе одлука за организирање на работилница за едукација-обука на стечајните управници членови на комората.
Едукацијата-обуката ќе биде на тема ,,Првичните искуства, судска пракса, и правни проблеми кои се јавуваат во текот на примената на Законот за измените на законот за стечај ( Службен весник на РМ бр.79 од 31.05.2014г.) и Законот за заклучување на стечајните постапки (Службен весник на РМ бр.12 од 22.01.2014г.),,
На едукацијата-обуката ќе бидат поканети да учествуваат и стечајни судии, апелациони судии и други учесници во стечајните постапки.
Презентери-излагачи ќе бидат стечајни судии, стечајни управници и други стручни лица од аспект на досегашно искуство и практичната примена на законските измени во стечајот.
Едукацијата-обуката ќе биде организирана вообичаено во два турнуса по апелациони подрачја, и ќе се одржи во месец Ноември 2014 во Охрид.
Комисијата за едукација во рамки на Комората ќе ги превземе сите подетални потребни активности за успешно организирање на едукацијата-обуката, за што ќе следи дополнително известување.
Претседател на Комора
Ацо Петров