До сите лиценцирани стечајни управници
Членови на Комората на стечајни управници
За 29, 30 Ноември и 01 Декември 2013 година во организација на Комората на стечајни управници планирана е спроведување на работилница за Е-Стечај како дел од задолжителните обуки за обновување на лиценците.
Обуката ќе биде спроведена од фирмата РЕ АКТИВ Скопје, која е овластена за спроведување на е-стечајот.
Имајќи предвид дека водењето на е-стечај е законска обврска за стечајните управници, а со цел надминување на потешкотиите со кои се судруваат во овој период стечајните управници, потребно е стечајните управници на е-маилот од Комората да ги достават како прашања,проблеми и друго со кои се судруваат при водењето на досието е-стечај.
Исто така може да се постават и други размислувања, предлози, сугестии заради поуспешно и квалитетно водење на е-стечајот.
Прашањата и предлозите да се достават на е-маил до Комората најдоца до 15 Ноември 2013 година како би можело да бидат проследени навремено на натамошна обработка во РЕ АКТИВ.
Распоредот и начинот на спроведување на Обуката за претстојната работилница ќе ви биде доставен дополнително во координација со РЕ АКТИВ.
Претседател на Комора
Ацо Петров