ДО СИТЕ ЛИЦЕНЦИРАНИ СТЕЧАЈНИ УПРАВНИЦИ
Комората на стечајни управници организира работилница за стечајните управници членови на Комората на која тема ќе бидат последните Законски прописи и измени од областа на стечајот.
Работилницата ќе биде еднодневна во Скопје х.Арка и е закажана за ден 12.03.2014година од 10,00часот до 15,00часот.
Со оваа работилница ќе бидат опфатени сите стечајни управници и ќе бидат пресметани дел од потребните часови за задолжителна обука заради обнова на лиценца.
На Работилницата ќе бидат поканети да учествуваат и сите стечајни судии во РМ,судиите од вонпарничните оддели и Апелационите судии.
Исто така ќе бидат поканети да присуствуваат и претставници од Катастар,Централен Регистар и УЈП.
Работната агенда за работилницата ќе биде дополнително доставена.
Скопје, Претседател на Комора
Ацо Петров