До Сите лиценцирани стечајни управници, членови на комората

До

Сите лиценцирани стечајни управници, членови на комората

Предмет: Едукација

Во организација на Комората на стечајни управници на РСМ, ќе бидат одржани работилници за едукација на стечајните управници-членови на комората, од Апелациони подрачја: Скопје, Битола, Штип и Гостивар.

На Работилниците вообичаено ќе бидат поканети да присуствуваат и стечајни судии од овие апелациони подрачја.

Работилниците се наменети за стручна едукација на стечајните управници за кои исто така ќе бидат признати часови  како дел од  задолжителна обука  за обнова на лиценца за стечаен управник.

Работилниците ќе се спроведат во хотел ,,Милениум,, -Охрид, во термините:

  • 05 и 06 Април 2019 г. (Петок и Сабота) за Апелационо подрачје Скопје.
  • 12 и 13 Април 2019г. (Петок и Сабота) за  Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар.

Темите и Работната Агенда ќе Ви бидат дополнително доставени.

Пријавување за учество на работилниците:

–  за стечајните управници од Апелационо подрачје Скопје е до 25.03.2019 година.

  • за стечајните управници од Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар е до 30.03.2019 година.

 

Со почит.

П р е т с е д а т е л                                                                                                               

Ацо Петров

11.03.2019г.

Скопје