Известување до сите лиценцирани стечајни управници, членови на комората

Предмет: Едукација

Почитувани,

Во организација на Комората на стечајни управници на РСМ, ќе бидат одржани работилници за едукација како дел од задолжителна  обука согласно Законот за стечај.

На работилниците вообичаено ќе бидат поканети да присуствуваат и стечајни судии од овие апелациони подрачја Скопје, Битола, Штип и Гостивар.

Работилниците ќе се спроведат во Хотел Милениум, Охрид во следните термини:

  • 17, 18 и 19 Ноември 2023 г. (Петок, Сабота и Недела) за Апелационо подрачје Скопје;
  • 23, 24 и 25 Ноември 2023 г. (Четврток, Петок и Сабота) за Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар.

Темите и Работната Агенда ќе бидат дополнително доставени.

Пријавување за учество на работилниците:

– за стечајните управници од Апелационо подрачје Скопје е до_31.10.2023 година;

– за стечајните управници од Апелациони подрачја Битола, Штип и Гостивар е до 10.11.2023 година; 

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Управниот одбор на КСУ на седница одржана на ден 12.09.2023 година донесе Одлука за воведување котизација за учество на работилниците за сите членови на комората на стечајни управници.

Износот на котизација за престојната работилница за секој стечаен управник (член на комората) кој планира да земе учество на обуките е 2.400,00 денари.

Уплатата на котизацијата да биде извршена најдоцна до 31.10.2023 дена на жиро сметка на Комора на стечајни управници на РСМ (Број на жиро сметка: 200001559194482 Стопанска Банка АД Скопје)

На стечајните управници (членови на КСУ) кои нема да ја уплатат котизацијата, нема да им биде дозволено присуство и учество на закажаните работилници.

Согласно донесени одлуки од Управниот одбор, Комората на стечајни управници ги покрива само трошоците за хотелско сместување-полн пансион (доручек, ручек и вечера), вода и кафе пауза во тек на работилници.

Сите дополнителни услуги надвор од пансионот (кафе,сок и други пијалоци или јадење) си ги покрива секој член самостојно.

Пријавувањето задолжително навремено заради уредна резервација на места се врши на е-маил на комората komorasu@komorasu.org.mk.

 

06.10.2023 г.                                                                                              П р е т с е д а т е л

С к о п ј е                                                                                                Билјана Стефановска